Експлозија во преполна џамија во Авганистан, десетици повредени и мртви

МИА/КАЈГАНА
/ 15.10.2021 / 13:26

Најмалку 32 верници загинаа во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, пренесува дописникот на BBC од Авганистан, додавајќи дека 53 лица се тешко повредени.

Бројот на жртви постојано расте.

Иако портпаролот на талибанците во првичната изјава кажа во нападот има седум загинати и 15 ранети, дописникот на BBC јави дека има многу повеќе жртви.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника по експлозијата.

URL
URL

Иако сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот, дописник на BBC од Авганистан на Twitter напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да соопшти дека тој е дело на нивни бомбаш-самоубиец.

Лекар од локалната болница изјави дека во моментов се примаат многу пациенти, од кои повеќето се во многу сериозна состојба.

URL

Пред точно седум дена речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, каде најмалку 100 лица загинаа, а за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

Светските медиуми, вклучувајќи ги и BBC и AFP, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена“ од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе