Експлозијата во Бејрут не е либанска Хирошима, туку Чернобил

МИА/КАЈГАНА
/ 06.08.2020 / 15:39

Бејрут, 6 август 2020 (МИА) – Ова е национална катастрофа, никогаш во животот не сум видел олку голема катастрофа, рече со солзи гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, обраќајќи им се на новинарите меѓу урнатините на пристаништето во Бејрут, уништени од катастрофалната експлозија во која загинаа најмалку 135 лица.

Со уште 80 исчезнати и повеќе од 5.000 повредени, се претпоставува дека бројот на загинати ќе се зголеми.

Околу 30.000 жители на либанскиот главен град останаа без покрив над главата, што е речиси 10 проценти од Бејрут и околината.

Болниците во кои се сместени илјадници повредени веќе се преполни со луѓе заразени со COVID-19 и страдаат од недостиг на медицински материјали, а голем број се и оштетени од експлозијата.

Иако во последните десет години Либан беше погоден од војни и тероризам, катастрофата што се случи во вторникот вечерта, според досегашните информации, не е последица на воен или терористички напад.

Remote video URL

Гувернерот Абуд го спореди уништувањето со она во Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна, иако во овој случај тоа не беше атомска бомба.

Таквите шпекулации беа предизвикани од облакот од експлозијата во облик на печурка и големиот бран експлозија што се прошири со километри.

Сепак, експертите брзо ги отфрлија таквите теории.

Мартин Фајфер од Универзитетот Њу Мексико за Bussiness Insider ја коментираше експлозијата и рече дека не може да биде нуклеарна бомба, но оти пожарот довел до детонација на хемикалии или некој експлозивен материјал.

Посоодветна споредба би била таа со украинскиот, односно советскиот Чернобил во 1986 година, пишува либанско-британскиот новинар Оз Катерџи за Foreign Policy.

– Како и советската катастрофа, така и либанската е резултат на сериозна неспособност, системска корупција и небрежност – и нејзиниот ефект ќе биде многу поширок од почетната експлозија. Како и либанскиот здравствен систем, целата земја беше на раб да пукне, дури и пред експлозијата, пишува Катерџи.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе