ВО ТЕК СЕ ФИНАЛНИТЕ ТЕСТИРАЊА

Електричниот Abarth 500 пристигнува следната година

Електричниот Abarth 500 ќе се појави на пазарот во 2023 година и ќе биде првиот модел со високи перформанси по Abarth 124 GT од 2018 година.

Новиот модел ќе го означи почетокот на Abarth како електричен оддел на FIAT за автомобили со високи перформанси. Другите модели исто така ќе бидат подложени на третман со Abarth, а шефот на брендот, Оливје Франсоа, изјави за Autocar дека Abarth во секој момент ќе има еден до три модели.

„Пред година и пол реков дека нема да биде тешко да се произведе Abarth-овата верзија на електричниот модел 500. Електричните автомобили се веќе забавни за возење, а добрата вест е што веќе работиме на тоа. Кога сѐ ќе биде официјално нештата брзо ќе се развиваат. Лошата вест е што сепак е потешко да се реализира проектот отколку што мислев. Ако сакате да направите вистински Abarth, тогаш тоа не е истиот електричен погон. Кога ќе ја добиете силата и вртежниот момент што ги сакате, тоа не е истиот погон, истиот менувач, истите сопирачки. Сѐ мора да се прилагоди“, рече Франсоа.

Тој рече дека во тек се последните тестови пред официјалната потврда за пристигнувањето на автомобилот.

„Ќе биде фантастично, звукот ќе биде многу интересен. Ќе можете да изберете дали автомобилот ќе биде тивок или не“, додаде тој.

Заедницата на обожаватели на Abarth ќе игра клучна улога во развојот на претстојните модели.

„Кога станува збор за маркетингот, брендот е тотално различен од FIAT. Фановите на Abarth нема да купуваат FIAT, и обратно. Ќе ја вклучиме заедницата во развојот, а социјалните мрежи се идеални за тоа“, рече Франсоа.

Електричниот FIAT 500 забрзува од 0 до 100 km/h за 9 секунди, достигнува максимална брзина од 150 km/h и има опсег од 320 km. Верзијата на Abarth најверојатно ќе ја достигне стотката за 7 секунди, додека максималната брзина ќе биде околу 160 km/h. Сепак, опсегот ќе биде малку помал.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе