Електричниот Maserati GranTurismo Folgore доаѓа во 2023 со 1.200 КС

Првиот електричен автомобил на Maserati ќе биде GranTurismo Folgore, кој на пазарот ќе се појави во 2023 година, а неговиот електричен погон ќе нуди дури 1.200 КС.

Моделот од следната генерација требаше да дебитира уште минатата година, но имаше одложување, па затоа сè уште не сме го виделе. Maserati сега оди чекор понатаму во иднината објавувајќи го својот електричен модел GranTurismo Folgore. Презентацијата се очекува во 2023 година, а веќе е познато дека ќе развива 1.200 КС.

Maserati тоа го најави објавувајќи тизери кои навестуваат како ќе изгледа, а судејќи по нив, ова не е драстично отстапување од познатата GT форма. На тизерот се гледаат и аеродинамични тркала со три краци и препознатлива предна решетка.

Нема многу детали, но познато е дека GranTurismo Folgore ќе се базира на нова платформа и ќе биде придвижуван од три електромотори. Ќе има и батерија од 800 волти поставена на ниско ниво во автомобилот, а благодарение на 1.200 КС, од 0 до 100 km/h ќе забрзува за помалку од 3 секунди. Максималната брзина ќе биде 306 km/h.

По овој модел, на пазарот излегува електрична верзија на теренецот Grecale, која исто така се очекува во 2023 година. До 2025 година, моделите Quattroporte и Levante ќе имаат и електрични верзии, како и MC20.

Сите овие модели ќе бидат дел од брендот Maserati Folgore, а до 2030 година италијанската компанија ќе ја исполни својата цел и ќе нуди само електрични автомобили. Тоа е прилично ненадејна и брза транзиција за бренд кој моментално има само два хибрида, и тоа Levante i Ghibli.

Од Maserati сѐ уште нема информации за опсегот, времето на полнење и цената на GranTurismo Folgore, а тие информации веројатно ќе ги добиеме дури следната година.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе