Електричниот Rolls-Royce е направен да трае 400 години

Два милиони километри, екстремни временски услови и посветеност на секој детаљ беа потребни за Rolls-Royce да вклучи електричен модел во својата понуда.

Развојот на Spectre продолжува, а Rolls-Royce објави нов сет на фотографии од тестовите во Јужна Африка, каде беа извозени пробни километри од западниот до источниот брег, вклучувајќи патека со чакал.

Во исто време, фокусот повеќе не е на перформансите во возењето, бидејќи таа работа беше изведена на два милиони тест километри на екстремен студ, но и топлина. Остануваат уште околу половина милион километри до крајот на тестирањето.

Наместо тоа, производителот сега се фокусира на оптимизирање на поставките за контраст на екранот на различни агли на инциденца и интензитет на сончевите зраци. Дополнително, повторно беше тестиран веќе оптимизираниот аудио систем со 17 звучници, а тест-возачите мораа да слушаат однапред подготвена колекција песни.

Бидејќи Rolls-Royce не остава ништо на случајноста, логично е дека при развојот на новиот модел ќе се земат предвид деталите и сите ќе бидат тестирани во пракса.

Можеби најдобриот пример е дека дури 1.500 тест часови биле потрошени за оптимизирање на системот за регенеративно сопирање, додека целата тест програма симулира 400 години користење, истакнуваат од компанијата.

Rolls-Royce овде можеби претерува, но не претерува кога се во прашање информациите за погонската група, со оглед на тоа што претходно беше најавено дека автомобилот ќе има 585 КС максимална моќност и 520 километри автономија.

Цената уште не е позната, а првите испораки на електричниот модел Spectre се очекуваат кон крајот на оваа година.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе