Еликсир на младоста: Која храна го поттикнува создавањето колаген?

Нашето тело природно произведува колаген, но кога ќе ја поминеме 20-тата година, неговото производство се забавува и во шестата деценија од животот имаме 50 проценти помалку колаген од количината што сме ја имале на 20 години.

Бавното производство на колаген е една од причините зошто кожата повеќе не изгледа младешки, зошто нè болат зглобовите и косата ни се проретчува. Колагенот е најзастапениот вид на протеин во нашето тело, па затоа сочинува 30 проценти од вкупната количина на протеини во телото. Се наоѓа низ целото тело, вклучувајќи ги мускулите, коските, косата, кожата и ноктите.

Во телото има околу 40 различни видови на колаген, а колагенот тип 1 е најзастапен и е важен дел од нашата кожа, коски и мускули.

Колагенот ќе направи кожата да ни изгледа мазна и свежа. Додатоци во исхраната кои содржат колаген помагаат да се зајакне кожата, а со тоа се спречува создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми нејзината еластичност и ќе ги намали штетите предизвикани од изложувањето на сончевите зраци.

За жените над 50 години, зајакнувањето на производството на колаген често значи избор на намирници кои се богати со витамини и минерали. Тие можат да помогнат да се подобри производството на колаген и еластин, компоненти кои ќе направат кожата да изгледа младешки, но и ќе ги заштити нашите коски и варење, како и здравјето на срцето.

Нутриционистката Меган Вонг, која е специјалист за исхрана за хронични болести, нуди совети за тоа кои три намирници треба да ги јадат жените на 50 и повеќе години за да уживаат во младешкиот изглед на кожата и целокупното здравје.

Сардини

Сардините се многу добар избор на рибен оброк бидејќи ги јадеме цели (со кожата и коските), а токму на тој начин ќе го зголемиме внесувањето на колаген во организмот. Сардините се полни со калциум, витамин Д и омега 3 масни киселини, а сите овие состојки ќе влијаат и на здравјето на коските, вели Вонг.

„Бидејќи менопаузата предизвикува забрзано губење на коскената маса, дури и до 20 проценти, важно е жените над 50 години да се грижат не само за убавата кожа, туку и за здравјето на коските“, додава тој.

Грав

Не постои колаген од растително потекло, бидејќи доаѓа од производи од животинско потекло, па телото ќе го произведува и ќе го стимулира неговото производство доколку му се понудат вистинските производи, вели Вонг.

Гравот е одличен извор на две состојки кои го стимулираат градењето на колаген, а тоа се цинкот и пролинот. Пролинот ќе ја поддржи стабилноста на колагенот, додека цинкот ќе го забави неговото влошување.

Јачмен

Следниот пат кога ќе посегнете по ориз, размислете за јачменот бидејќи тоа е поздрав избор. Јачменот содржи минерал кој ќе ги активира ензимите вклучени во производството на колаген, за кои е докажано дека помагаат во обновувањето на еластичноста на кожата и ја намалуваат видливоста на брчките. Јачменот е храна богата со растворливи влакна кои ќе помогнат во контролата на шеќерот и холестеролот во крвта.

Кремите и серумите се одлична помош, но исхраната богата со намирници кои го стимулираат производството на колаген секако се најдобри начини за одржување на младоста и здравјето на кожата.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Живот

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Read more

Како да препознаете квалитетни јајца?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе