Актерката и манекенка Елизабет Харли објави разголена фотографија на Instagram, позирајќи топлес.
На фотографијата 56-годишната Харли носи само долен дел од костимот за капење, додека градите делумно ѝ се прекриени со кимоно.
„Прекрасна си“, „Изгледаш како божица“, „Тебе треба да те забранат“ се дел од коментарите кои обожавателите ги напишаа како коментари во објавата.
Елизабет често позира во секси разголени изданија, најчесто во костими за капење. Неодамна за Extra објасни дека фотографиите ги објавува како дел од рекламирање на нејзината линија на костими за капење.
„Имам моја линија на костими за капење, инаку не би парадирала наоколу така облечена. Постои причини зошто тоа го правам“, вели таа.
Запрашана за тајната на нејзината витка линија Елизабет вели дека со години не била во теретана, но е многу активна.
„Кога старееш, потешко ја задржуваш тежината ако не си активен. Дури и чистењето може да согори многу калории“, вели таа.