Елизабета Втора го поддржува движењето Black Lives Matter

Времињата се менуваат.

Кен Олиса, претставник на кралицата Елизабета Втора во британската престолнина и првиот црнец кој ја извршувал оваа функција, откри за телевизијата Channel 4 дека разговарал за расизмот со членовите на кралското семејство откако бел полицаец во САД го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд и рече дека кралското семејство поддржува движењето Black Lives Matter.

„Разговарав со кралското семејство за расното прашање, особено во последните 12 месеци по убиството на Џорџ Флојд“, рече тој за ТВ-каналот.

„Ова е жешка тема за разговор. Прашањето е, што друго можеме да направиме за да го поттикнеме општеството да ги отстрани овие пречки“, продолжи тој.

Тој додаде дека членовите на кралското семејство „страсно се грижат нивната земја да ги дели истите вредности“.

На прашањето дали Бакингемската палата го поддржува движењето Black Lives Matter, Кен Олиса одговори: „Да, целосно“.

Изјавата доаѓа неколку месеци по шокантните откритија на принцот Хари, внукот на кралицата Елизабета Втора, и неговата сопруга Меган, во интервју за Опра Винфри, дека неименуван член на кралското семејство коментирал за бојата на кожата на нивниот син Арчи.

Изјавата создаде раздор помеѓу младата двојка и остатокот од кралското семејство, а принцот Вилијам реагираше и посочи дека „тие во никој случај не се расистичко семејство“.

Кралицата рече дека е тажна поради тешкотиите што ги чувствува двојката и дека многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за расизам.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе