КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Елмас: Најважно е што победивме

Филип Здравески
/ 24.03.2023 / 09:36

Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари тешко извојувана победа против аутсајдерот Малта и со планирани три бода го почна новиот циклус квалификации. Елиф Елмас е задоволен од победата, бидејќи, како што вели, тоа е најважно.

Фото: ФФМ

„Најважно е што победивме! Секогаш првиот натпревар е тежок, знаевме дека ќе биде тешко. Знаеше и Малта што ја очекува, но одиграа нивен фудбал, каков што ние не сме навикнати да гледаме од една таква мала земја. Сепак, за нас беше најважно да ги земеме трите бода и во тоа успеавме. Знаевме што значи да се почне со победа“, вели фудбалерот на Наполи, сезонава убедлив лидер во Серија А.

Елмас во 66. минута беше оној што го скрши отпорот на Малтежаните кога на асистенција на Миовски го отвори резултатот.

Со оглед на тоа што е најпознатото име во моментов во репрезентацијата, како да владее една атмосфера дека можеби од него се чека да игра главна улога на теренот. Уверува дека тоа не е така.

„Не чувствувам дека сѐ на мене се чека, сепак ние сме тим, прво гледам на тимот, тимската игра, тимскиот дух и тој да е на највисоко ниво“.

Кога беше досуден пенал за Македонија, од трибините и на малите екрани се доби чувство дека тројца се караат кој да го изведе. На крајот Алиоски тргна да шутира, но по интервенција на ВАР главниот судија ја промени одлуката и сепак никој не шутираше.

„За пенали не се караме, неважно е кој ќе шутне, кој ќе даде гол - за мене најважно е Македонија да победи. Ние не треба да ги гледаме нашите противници, кој што направил, знаеме од каков калибар и какво топ ниво се, треба сами да се гледаме и да одиме од натпревар во натпревар. Така да небитно е како завршиле, наше е ние да се гледаме. Ова ни беше тежок дуел и како прв - најважен. Се надевам дека расположението ќе се врати, до кое ниво не знам, ама знам дека треба да сме сите сплотени, да бидеме едно и да го играме тоа што го знаеме. А, самодовербата е на прво ниво и се надевам дека ќе остане и понатаму“, заврши Елмас.

За пеналите на пресот по натпреварот и селекторот Милевски демнантираше се играчите се карале, бидејќи, како што кажа, „однапред е одлучено кој шутира“.

реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе