Во последно време, Facebook сè почесто се соочува со критики во јавноста поради проблеми поврзани со приватноста. Славните личности често му се обраќаат на Марк Закерберг поради тоа. Последен во низата беше актерот Саша Барон Коен, кој до сега неколку пати го напаѓаше Facebook.
Актерот го нападна Закерберг и останатите шефови на големите технолошки компании дека им е поважна цената на акциите отколку борбата за демократија, односно дека поддржуваат говор на омраза и теории на заговор.
Во објава на Twitter актерот го прикажа Закерберг како римски император и се запраша дали еден човек треба да контролира информации за 2,5 милијарди луѓе.
Коен постави прашање зошто на извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг му е дозволено да контролира податоци од 2,5 милијарди луѓе, кога регулаторните тела не дозволуваат една личност да поседува исти права над вода или електрична енергија.
„Facebook мора да биде регулиран од владите, а не од неговиот цар“, порача Барон Коен.
Актерот е остар критичар на социјалните мрежи, вклучувајќи ги и Twitter, Google, YouTube и ги нарекува „најголема пропагандна машинерија во историјата“.
Голем дел од неговиот бес е насочен кон Facebook, за кој вели дека заработува од пропаганди така што не ги проверува политичките рекламирања. Facebook ја бранеше политиката за политичко рекламирање и порача дека на таа платформа е забрането ширење на говор на омраза и промовирање насилство.
На оваа објава коментираше Елон Маск кој напиша дека луѓето треба да го избришат Facebook. Ова не е прв пат Маск да ја критикува оваа социјална мрежа и отворено да покаже нетрпеливост.
Во 2018 година тој ги избриша службените профили на компаниите од Facebook. Тој и понатаму има негови профили на Instagram, иако оваа компанија е во сопствеништво на Facebook.
Коментарите на Барон Коен и Маск, изнесени на Twitter, не сакаа да ги коментираат од Facebook.