Жоел Ембиид физички нападнал новинар по натпреварот помеѓу Филаделфија 76ерс и Мемфис Гризлис.
Инцидентот се случил во Филаделфија, по убедливиот пораз од домашната екипа, објави НБА инсајдерот Шамс Чаранија и додаде дека НБА веднаш покренала истрага.
Тој изјави дека Ембиид и засега неименуваниот новинар, односно колумнист, прво влегле во вербален конфликт поради текст во кој се споменуваат синот и починатиот брат на камерунскиот кошаркар.
Наскоро, вербалната прераснала во физичка пресметка, бидејќи Ембиид се нафрли на колумнистот на The Philadelphia Inquirer, Маркус Хејс.
Според американските медиуми, Хејс сакал да му се извини на Ембиид за споменатата колумна, но кошаркарот не прифатил. Се додава дека Хејс претходно на социјалните мрежи му се извинил на кошаркарот на Филалделфија, а споменатиот медиум ги отстранил наводите за неговиот покоен брат и син.
Што се однесува до самиот натпревар, Мемфис ја совлада Филаделфија со 127:107, а Ембид не играше поради повреда. Центарот на Сиксерс сѐ уште нема одигра натпревар во новата сезона.
Најдобар актер на натпреварот беше Џерен Џексон со 27 поени и 6 скока. Џеј Хаф додаде 20, Џа Морент постигна 18 поени и 12 асистенции, а Скоти Пипен Џуниор имаше 12 поени и 13 асистенции. Дебитантот Зак Иди забележа дабл-дабл од 10 поени и 10 скока.
На другата страна, Тајрис Макси постигна 23 поени и 6 асистенции, додека Џеред МекКејн постигна 19 поени.