Емили Ратајковски откри зошто претходно не го обвинила Робин Тик за сексуална злоупотреба додека учествувала во снимањето на спотот за песната „Blurred Lines“.

Супермоделот (30) го обвини Робин Тик (44) дека ја фаќал за градите кога биле насамо за време на снимањето на видеото во 2013 година.
Емили Ратајковски за странските медиуми откри дека претходно не зборувала за сексуалното насилство бидејќи тоа ќе влијаело на нејзината кариера.
„Бев непозната манекенка и ако го кажев она што се случи или се пожалев за нешто, немаше да бидам овде каде што сум денес. Немаше да бидам позната“, објаснува таа.
Емили Ратајковски донесе одлука да зборува поради објавувањето на нејзината книга „Моето тело“, во која зборува за развојот и промената на перспективите.
„Напишав книга за еволуцијата на мојата животна филозофија и таа вклучува многу искуства од мојата кариера и живот, и промени во начинот на кој гледам на нив денес“, заклучи Емили.