Дарен Стар, извршниот креатор на популарните серии „Younger“ и „Sex and the City“, фрли око на нов град – Градот на светлината.
Во новата серија „Emily in Paris“, хероината која ја игра Лили Колинс ќе се пресели во Париз по работа, а таму ќе почнат да ѝ се мешаат личниот и деловниот живот.
Емили е млада жена во нејзините 20-ти и ќе се пресели од Чикаго во Париз со нејзината работа во светот на маркетингот.
Од новата романтична комедија на Netflix може да очекуваме многу мода, симпатични момци и секси заплети.
„Не доаѓаш во Париз за да бидеш добра девојка“ е репликата што сме сигурни дека ќе стане култна од серијата со 10 полчасовни епизоди во првата сезона.
„Emily in Paris“ ќе има премиера на Netflix на 2 октомври.