„Emily in Paris“ обновена на уште две сезони

Само две и пол недели откако гледачите ја проголтаа втората сезона на „Emily in Paris“  без да остават ниту трошка кроасан зад себе, стриминг платформата Netflix соопшти дека серијата е обновена за уште две сезони.

Романтичната хумористична серија создадена од Дарен Стар, човекот кој стои зад „Sex and the City“, сега ќе ја следи Емили (Лили Колинс) низ третата и четвртата сезона од серијата, по одличниот успех на првите две сезони.

Иако Netflix не ги објавува податоците за гледаноста, наведе дека новата сезона на серијата е на врвот на глобалната топ 10 листа во 94 земји, со 107,6 милиони прегледани часови во првите пет дена од објавувањето. Првата сезона на серијата беше најгледаната комедија на платформата за 2020 година.

Иако досега серијата, како што кажува самото име, се одвиваше претежно во Париз (со повремени излети до Сен Тропе или живописните лозја на Шампањ), минатата сезона ги остави гледачите во неизвесност. Сега кога е најавено обновувањето, останува прашањето: дали сепак Емили ќе остане во Париз? Иако можеби сè уште не го знаеме одговорот на тоа конкретно прашање, идејата за „Емили во Чикаго“ го нема истиот примамлив призвук.

Во интервју за Vogue Australia претходно оваа година, Лили Колинс зборуваше за по малку дрскиот карактер на нејзиниот лик и за тоа колку таа се смета за среќна што ја добила улогата.

„Емили се мотивира од работата, таа е страсна, решителна, бистра, смела, весела, малку очигледна и секогаш своја без пардон“, резимира Колинс.

Каде и да пристигне Емили, може да се претпостави дека заплетканите романси со многу драма и смелите модни моменти - кои оваа сезона беа поизразени од кога било - ќе продолжат.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Филм & ТВ

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Read more

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Read more
 

Сцена

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна првиот тизер трејлер за новиот Joker, обожавателите поделени

Читај повеќе
  • filter

Фаворитот за новиот Бонд се појави на црвениот тепих со 24 години постарата сопруга

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Шакира се потруди никој да не дознае дека глумела во теленовела?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе