Еминем ги одбил катарските милиони за настап на Мундијалот

Катарците се обиделе преку 50 Сент, инаку пријател на Еминем, да го убедат славниот рапер да одржи свој настап на Мундијалот.

Во интервју за емисијата „Big Boy's Neighborhood“ на радио Real 92.3, славниот американски рапер 50 Сент на јавноста ѝ откри дека неговиот колега Еминем одбил баснословна понуда од Катар за настап на една од церемонииете на отворањето или затворањето.

Катарците биле воодушевени од настапот на 50 Сент и Еминем на полувремето од минатиот Супербоул во Лос Анџелес, па за зделката понудиле вкупно 9 милиони долари.

„Ме контактираа поради Супербоулот. Еден милион требаше да добијам јас за посредувањето, а 8 требаше да добие Еминем. Неговиот менаџер ја одби понудата: рече дека ќе биде залудне да го прашува“, откри 50 Сент.

Нити големата сума пари, ниту долгото пријателство со 50 Сент не успеале да го убедат популарниот Слим Шејди, кој како други пијачи, меѓу кои и Дуа Липа, одлучија да го бојкотираат Мундијалот во Катар.

На церемонијата на отворањето се појавија Морган Фримен и Гамин Ал-Муфта, додека настап имаа членот на јужнокорејскиот бенд BTS, Џанкук, како и домашниот пејач Фахад Ал Кубајси. На затворањето настапија пореториканскиот пејач Озуна и францискиот рапер Жим, а настап имаа и Канаѓанката Нора Фатехи, емиратскиот музичар Балкис, Ирачанката Рахма Риад и Мароканецот Манал.

Химните на двете репрезентации во финалето ги изведоа аргентинската поп ѕвезда Лали Еспосито и египетската мецоспоранка Фара Ел-Дибани.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе