Енергетска криза низ Европа: Темни излози и скратено работно време

Со зголемените сметки за енергија и стравувањата од можна рационализација, некои европски компании за малопродажба веќе ги гасат светлата во своите излози и размислуваат за скратување на работното време оваа зима, додека некои од нив веќе имаат целосно енергетски одржливи продавници.

Владите и енергетските компании веќе ги повикуваат луѓето и бизнисите да ја намалат потрошувачката на енергија и да смислат планови за вонредни ситуации за да ја намалат зависноста од увезениот гас доколку има недостиг поврзан со војната во Украина.

Австриската подружница на мултинационалниот трговски синџир SPAR Group на тој начин ќе го скрати времето во кое се осветлуваат огласите пред нејзините продавници и отворени простори околу повеќе од 1.500 деловни единици во Австрија. Ова ќе ја намали потрошувачката на енергија за еден милион киловат часови годишно, изјави портпаролот на компанијата, но не прецизираше колку пари ќе заштеди.

Минатиот месец, шефот на Леклер предупреди дека најголемиот француски продавач на храна може да го намали работното време на продавниците за да се справи со недостигот на електрична енергија.

Пред нешто повеќе од една недела, конкурентниот француски трговски синџир Carrefour потпиша „EcoWatt Charter“ со националниот енергетски мрежен оператор RTE, со што се намалува потрошувачката на електрична енергија во неговите продавници во периоди на голема побарувачка.

„Не се планираат конкретни мерки на краток рок“

Некои трговци на мало, вклучително и белгиските Colruyt и Ahold, би можеле делумно да бидат заштитени од можни прекини во снабдувањето со енергија и повисоки трошоци, бидејќи тие веќе спроведуваат програми за одржлива енергија што заштедуваат електрична енергија.

„Краткорочно не се планирани конкретни мерки, но амбицијата е да продолжиме да работиме на тоа како дел од нашата севкупна енергетска политика. Затоа немаме осветлени знаци, се одлучуваме за затворени замрзнувачи, комори за ладење и слично“, изјави портпаролот на Colruyt.

Компанијата веќе има 44 продавници со „нула фосилни горива“, што значи дека тие не користат нафта за греење или природен гас, туку целосно се греат на отпадна топлина и зелена струја.

Ahold исто така бара начини да ја намали потрошувачката на енергија, рече извршниот директор Франс Мулер. „Не сме донеле никакви одлуки за работното време, но многу повеќе го проучуваме прашањето за користење на енергија“, рече тој. Компанијата веќе имплементира програми за заштеда на гас, вклучувајќи го и отворањето на продавниците на Albert Heijn следната година, кои целосно ќе работат на одржлива енергија.

Енергетско будење?

Дали требаше да се случи војна и енергетска криза за да сфатиме дека можеме со помалку? Помалку струја од енергетски неодржливи извори кои ѝ штетат на природата, пократко работно време од стандардните 8 часа кои се измачување за човечкото тело (и тука не е вклучено времето потребно да се стигне до работа), да сфатиме дека треба и може работните простории да трошат помалку енергенси, да се воведуваат програми за одржлива енергија, да се инсталираат фотоволтаици и да се греат на отпадна топлина и зелена струја, да се гради енергетски ефикасно и крајниот производ да е енергетски ефикасен и колку што може повеќе енергетски самоодржлив. Сето ова МОЖЕЛО бидејќи секнаа гасоводите. Наскоро ќе секнат изворите на речиси сè што цицаме од Земјата. Да ја пресечеме папочната врвца и да пораснеме, како човештво.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе