Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија

Инсталирани првите Turbo DC полначи за електрични возила во државата. Активирана е фотоволтаична централа за генерирање на електрична енергија.

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 13 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Турбо полначи со капацитет од 160kW, 5 полначи со моќност од 22 kW, 5 полначи со моќност од 11 kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.

Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.

„Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 13 станици за полнење, но набрзо очекуваме да ги инсталираме преостанатите 4 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе изнесува повеќе од 500 kW“, изјави д-р Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Инсталирана фотоволтаична централа со капацитет од 210kW.

Со активацијата на фотоволтаичната централа, 42.4% од вкупната потрошувачка на електрична енергија е обезбедена од производството на фотоволтаичната централа. Дури 204.616 MWh од вкупно 482.513 МWh, колку што изнесува предвидената потрошувачка на електрична енергија за една календарска година ќе биде произведена од природен извор на обновлива енергија.

Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани 16 полначи на 8 клучни точки низ целата држава.

Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе