УЕФА го прогласи Кристијан Ериксен за играч на натпреварот помеѓу Данска и Финска откако данскиот репрезентативец падна на теренот и со големи напори на лекарите успеа да го добие најважниот натпревар во неговиот живот.
Вистинската драма се одвиваше на стадионот Паркен во Копенхаген откако Ериксен одеднаш колабира за време на мечот. Натпреварот веднаш беше прекинат, а сите играчи на Данска и Финска неколку секунди по тоа се држеа за глава и со неверување гледаа што се случува.
За среќа, фудбалерот на Интер ја победи смртта - беше успешно реанимиран и по половина час беше пренесен во болница во свесна состојба.
УЕФА тогаш го прогласи за играч на натпреварот, а претседателот Александар Чеферин рече:
„Фудбалот е прекрасна игра, а Кристијан игра преубаво. Ти посакуваме брзо закрепнување“.
Да потсетиме, натпреварот продолжи по два часа, а Финска изненадувачки славеше со 1:0.