Ериксен мора да го извади дефибрилаторот за да игра во Италија

Италијанците не дозволуваат играчи на кои им е врадено вакво помагало на срцето да играат фудбал, па неизвесна е иднината на Кристијан Ериксен во Интер.

Данскиот офанзивен играч од средниот ред доживеа срцев удар уште на првиот натпревар на ЕУРО 2020 против Финска. Веднаш потоа му беше вграден дефибрилатор кој служи да му помага на неговото срце да превенира идни нерегуларности во срцебиењето, кои потоа предизвикувата инфаркти.

„На Кристијан Ериксен не можеме да ми дозволиме да игра во Италија. Доколку играчот го отстрани дефибрилаторот и потврди дека проблемот со срцето е отстранет, тогаш ќе може да се врати да игра за Интер“, вели Франческо Браконаро, член на техничко-научниот комитет при ФИГЦ.

Тешко веројатно дека Ериксен и неговата фамилија би се согласиле за отстранување на апаратчето кои се грижи за неговото срцево здравје. Поради ваквиот склоп на околности, негово заминување од Интер е сѐ поизвесно.

Холандскиот дефанзивец Дели Блинт е пример дека и на највисоко ниво може да се игра со вграден дефибрилатор. Тој го има веќе две години.

„Кога ми се случи мене целиот свет ми велеше дека играчката кариера ми е завршена. Дека нема повторно да заиграм. Гледајте каде сум сега. Чувствував дека сум подготвен да се вратам веднаш откако добив зелено светло од докторите во болницата и од медицинскиот тим во Ајакс. Немаше причина зошто не би можел повторно да играм на високо ниво. Најважно е да се нема страв во главата. Јас немав. Само бев неверојатно среќен што можев повторно да бидам дел од тимот“, вели за своето искуство Блинд, кој настапи и на ЕУРО.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе