Ерменија - наша судбина, наш најголем ривал

Сакале или не, нашиот најголем фудбалски ривал е репрезентацијата на Ерменија. Не некој од нашите историски соседни „непријатели“, туку земјата од далечниот Кавказ. И за тоа апсолутно нема никаква дилема.

Фудбалските ривалства се создаваат поради разни причини. Точно е дека голема улога играат историјата и политиката, но тоа не значи дека секогаш мора да биде така. Ривалствата се создаваат и на самиот терен помеѓу репрезентации кои претставуваат држави кои едвај имаат нешто заедничко. Таков е случајот со Македонија и Ерменија.

Зошто Ерменија, а не Грција, Албанија, Бугарија, Србија?

Фудбалски ривал не можеме да бидеме со репрезентација со која никогаш не сме играле. Да, во нашата 30-годишна фудбалска историја никогаш не сме играле против политичкиот и историски „непријател“, Грција. Звучи чудно, но ниту една европска и мундијалска квалификациска жрепка не нѐ ставила во иста група. Сме играле во многу други спортови, но фудбалот е посебна приказна. Сигурно дека некогаш ќе дојде денот кога фудбалски ќе се пресметаме со Грција, но и да дојде тој ден, еден натпревар не прави вистинско ривалство.

Со Албанија имаме навистина одиграно повеќе натпревари, попрецизно - точно 10, но дури 8 биле пријателски. Осум пријателски и само два со натпреварувачко значење, оние во квалификациите за Мундијалот 2018, доволно кажува за тоа колку големо, односно мало ривалство се работи. Тие два натпревара беа навистина интересни, но два се многу малку, да не речеме премалку.

Ривалството со Бугарија дури е и послабо од она со Албанија бидејќи сите 7 средби биле пријателски, ниту една компетитивна. Ја свиркавме бугарската химна кога последен пат дојдоа во Скопје, но тоа е премалку за едно ривалство. Дури и да ги сметаме за ривали, тие нас не нѐ сметаат. Бугарија има богата фудбалска историја со настапи на Мундијали и ЕУРО натпреварувања, играле со куп репрезентации од целиот свет и не е очекувано ривал да им биде репрезентација стара едвај 30 години.

Блискоста на народите воопшто не значи дека на терен кога играат Србија и Македонија нема жар, напротив, токму поради таа блискост секој ја посакува победата. Но, 6 натпревари од кои 2 пријателски ја исклучуваат и Србија од оваа категорија за најголем ривал.

Сите горенаведени репрезентации ќе имаат некакво ривалство со Македонија, барем од наша гледна точка, но тоа барем во блиска иднина нема да може да го надмине ривалството кое го имаме создадено со поранешната советска република (ова ненамерно звучеше како ПЈРМ) Ерменија.

Почетоци

Дека Ерменија ни е судбина требало да ни стане јасно уште по независноста. Македонија првпат учествуваше во еден квалификациски циклус и тоа во оној за пласман на ЕУРО 1996 кога квалификациската жрепка за прв пат и нѐ спои со Ерменците. Во тоа време овој наш противник важеше за една од убедливо најслабите европски репрезентации, а ние со генерација со великани како Дарко Панчев, Вујадин Станојковиќ, Митко Стојковски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Бобан Бабунски, Тони Мицевски, Ѓорѓи Христов, Данчо Целески, Љупчо Марковски, Жарко Серафимовски, Драги Канатларовски, Неџмедин Мемеди, Тони Савевски...

Првпат силите ги одмеривме на 10 мај 1995 година во Ереван. Тогаш одигравме 2:2 откако гублевме 2:0, а деби гол во светиот дрес постигна Христов.

Потоа реваншот во Скопје на 6 септември истата година беше првата голема бламажа на македонскиот фудбал. Поведовме, се изнапромашувавме, а Ерменците забија два гола и однесоа победа од 1:2.

21 век

Девет години чекавме за наредната пресметка, период кога никој не ни помислуваше дека Ерменија ќе стане нашата верна сенка која нѐ демне при секоја квалификациска жрепка. Тогаш нѐ споија квалификациите за Мундијалот 2006 кои ги отворивме со одличен натпревар во Скопје на 18 август 2004 торпедирајќи ги гостите од Кавказ со 3:0 (Пандев, Шаќири, Шумуликоски).

Remote video URL

Реваншот на 4 јуни наредната година успеавме да го реализираме во наша полза благодарение на тогаш младата ѕвезда на Лацио, Горан Пандев, кој заби два гола за победа од 1:2. Пандев тогаш беше позната фаца и стотици ерменски навивачи на Лацио го опколуваа пред хотелот и на аеродромот барајќи фотка и автограм.

Дојдоа на ред квалификациите за ЕУРО 2012 каде жрепката по трет пат ни ја насанка Ерменија. На 7 септември 2010 во Скопје одигравме легендарно реми кога при 1:1 примивме гол во првата минута во судиското надополнување, за потоа длабоко во истото еден ерменски играч да игра со рака во казнениот простот и Илчо Наумоски од белата точка во 90+6 да нѐ извади од пораз за конечни 2:2.

Remote video URL

Година дена подоцна, на 7 октомври 2011, во Ереван го доживеавме првиот дебакл во пресметките со Ерменците. Висок пораз од 4:1 и играње со десетмина по исклучувањето на Шумуликоски во 53. минута. Шиков постигна утешен гол.

Remote video URL
Веќе сме ривали

Поминаа седум години и како да заборавивме на Ерменија кога жрепката за воведната сезона од, тогаш, новото натпреварување Лига на нации ни даде можност повторно да разигруваме. Тоа беше она натпреварување преку кое потоа изборивме историски пласман на ЕУРО 2020. Токму Ерменија ни беше главен ривал за тоа прво место во групата кое водеше во баражот преку најслабата Лига Д.

Првиот натпревар се одигра во Скопје на 9 септември 2018, а нашите момци со головите на Алиоски и Пандев прославија победа од 2:0.

Remote video URL

Реваншот на 16 октомври истата година е датум запишан со црни букви во македонската фудбалска историја. Тогаш доживеавме голема срамота губејќи со 4:0 среде Ереван и овој резултат до денес е најголемата победа во дуелите на овие две репрезентации.

Remote video URL

И покрај тоа, Македонија на крајот заврши прва во групата откако Ерменците се избламираа со Гибралтар, а остатокот од приказната сите го знаеме - во баражот преку Косово и Грузија отпатувавме на ЕУРО во Букурешт и Амстердам.

И тоа не сѐ. Веќе наредната сезона на Лига на нации ете ја жрепката повторно ги става Македонија и Ерменија во истата група, овој пат во Лигата Ц. Повторно први сме домаќини, во Скопје на 5 септември 2020 во необичен натпревар со дури три пенали и без публика поради пандемијата. Два пенала за Македонија (Алиоски и Несторовски), еден за Ерменија и наша победа од 2:1

Remote video URL

Реваншот одлучуваше која репрезентација ќе избори промоција во Лига Б. Се одигра на 18 декември 2020 и тоа на неутрален терен во Никозија, главниот град на Кипар, поради војната помеѓу Ерменија и Азербејџан за проблематичната територија Арцах, позната и како Нагорно-Карабах. Сѐ што ни требаше беше реми, но десеткуваниот состав не успеа ни тоа да го оствари губејќи со 1:0. Ерменците славеа пласман скалило погоре, а ние останавме во слабата Лига Ц.

Remote video URL

Тоа се вкупно 10 натпревари. Двете репрезентации биле домаќини исто број на натпревари (5) и тоа ние секогаш во Скопје, а Ерменија во Ереван, освен еднаш принудно во Никозија.

Победи на Македонија: 4
Нерешени: 2
Победи на Ерменија: 4
Голови на Македонија: 15
Голови на Ерменија: 17

И доаѓаме до последните два натпревара, оние од тековниот цикслус квалификации за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Натпреварот број 11 се игра сега во Скопје, а 12-тиот е закажан за 11 ноември во Ереван. А, дека ривалството е двострано говори фактот дека од сите натпревари на ерменската репрезентација, тие исто така имаат играно најмногу со нас. Ние сме единтсвената репрезентација со која имаат одиграно двоцифрен број на натпревари во нивната, исто така, 30 годишна историја.

Интересно, после Ерменија најмногу натпревари имаме одиграно против Лихтенштајн, 10, со тоа што 11-тиот ќе го одиграме на 8 октомври, исто во рамките на овие квалификации. Иако само една била пријателска, колку и да играме со Лихтенштајн не може да стане збор за ривалство бидејќи тоа го говорат и бројките: 9 победи на Македонија, 1 реми и ниту една победа на Лихтенштајн со гол-разлика од 38:5 во наша корист, вклучувајќи ја и онаа гинисова победа од 11:1 во ноември 1996.

Затоа, сакале или не, Ерменија е нашата судбина, нашиот најголем фудбалски ривал.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе
  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе
  • filter

29 март 845: Рагнар и Викинзите го нападнале Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе