Ерупцијата на индонезиските вулкани низ фотографии
Вулканите во Јава продолжуваат да ги загрижуваат властите, кои будно ги следат сеизмичките активности во моментите на ерупција, пренесе Guardian.
Станува збор за вулканот Семеру во источна Јава, висок 3.676 метри. Тоа е еден од највисоките вулкани во Индонезија.
Вулканот Мерапи во централна Јава е висок 2.929 метри и е активен вулкан кој исто така продолжува да ги загрижува властите. На 16 јануари опсерваторијата на вулканот Семеру регистрира предупредувачки сигнал од појава на облак од пепел како се движи североисточно со облак од пепел висок околу 5.676 метри надморска височина, но истиот може да биде и повисоко од тоа што опсерваторијата го регистрира.
Во галеријата се дел од фотографии на кои се гледаат ерупциите на вулканите.