ЕСА објави нови неверојатни слики од Сонцето

Европската вселенска агенција ги објави податоците снимени од Solar Orbiter за време на својата мисија, кога се приближи до Сонцето како ниедно друго вселенско летало досега.

За време на својот прв „близок контакт“ со Сонцето, Solar Orbiter откри неверојатни податоци дополнети со фотографии и филмови за моќни факели и зачудувачки соларни столбови. Нејзината мисија, лансирана од Европската вселенска агенција, дава нови сознанија за магнетното поле на Сонцето и влијанието што Сонцето го има врз неговата околина.

Според ЕСА, неговиот најблизок контакт со Сонцето се случил на 26 март. Во таа прилика леталото се наоѓало во орбитата на Меркур, а термометрите на штитот на леталото забележале температура од околу 500°C.

Топлинскиот штит, кој беше направен специјално за потребите на заштита од високи температури, има најсовремена технологија која ја разградува топлината и го одржува леталото за непречено функционирање.

Remote video URL
Мерења на ЕСА и НАСА во еден потфат

Заедно, мерните инструменти на ЕСА и НАСА снимаат податоци во близина на Сонцето, вклучувајќи ги и сончевите ветрови. Овие податоци се вредни за научниците бидејќи со нивна помош можат да ги поврзат настаните од Сонцето и настаните што се случуваат во непосредна близина на Orbiter, кој се наоѓа неколку милиони километри оддалечен од неговата блескава површина.

Меѓутоа, кога се приближил до Сонцето за време на перихелот, дошол до подетални податоци со помош на инструменти за далечинско набљудување. Покрај сончевите блесоци, предмет на проучување му е исфрлањето на короналната маса кон Земјата, како и фотографирањето на комети.

„Сликите навистина го одземаат здивот“, рече главниот истражувач со EUI инструментот, Дејвид Бергман, од Кралската опсерваторија во Белгија.

Инструментот со кој управува Дејвид има задача да прави фотографии со висока резолуција во долните слоеви на атмосферата на Сонцето, наречени корона. Според него, ова е регионот во кој се одвиваат најмногу сончеви активности, кои се поврзани со просторот и времето, односно со четиридимензионален континуум.

Следен чекор на научниците е да ги разберат собраните податоци, што, како што велат, не е лесна задача. Работите дополнително се комплицираат со фактот што Solar Orbiter открива големи активности во мал обем, па кога не можат да препознаат што се случило - научниците ги проверуваат снимените податоци од претходните истражувања во потрага по одговор.

Соларен еж

Интересното нешто што беше забележано за време на овој перихел е карактеристиката што научниците ја именуваа како еж. Причината за ова име лежи во фактот што забележаниот феномен со пречник од 25.000 km содржи шила од топли и ладни гасови, кои зрачат во сите правци - налик на еж.

Remote video URL
Примарна задача

Проучувањето на врската помеѓу Сонцето и хелиосферата останува примарна цел, а за да се комплетира сликата ќе треба да ги следат резултатите од инструментите кои ги мерат и следат настаните на површината на Сонцето, како и во неговата близина.

Следењето на честичките што се враќаат на Сонцето по линиите на магнетното поле не е лесна задача. Сите овие настани се снимени на далечина поради сложената магнетна средина околу Сонцето. Но, како што наведуваат истражувачите, колку повеќе се приближува Solar Orbiter, толку оваа работа ќе биде полесна.

Сегашните резултати од мисијата ветуваат нејзин успех во иднина, со дополнение дека ниту едно вселенско летало никогаш не му се приближило на Сонцето како Solar Orbiter.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе