ЕСМ: За Белене не се наѕира почетокот, поперспективен е проектот во Александрополис

МИА
/ 24.11.2020 / 20:17

По објавата дека државата времено се откажува од инвестирање во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон грчката гасна електрана во Александрополис денеска од ЕСМ за МИА ги појаснуваат причините за ваквата одлука.

Во одговорот што МИА го побара од раководството на ЕСМ се наведува дека грчката електрана има поголеми изгледи да се реализира во поскоро време отколку бугарскиот проект за нуклеарна централа.

–  Од бугарска страна за Белене досега неколкупати имаше најави и одложувања, нема никаква најава за почеток за таа електрана и затоа се насочуваме кон други проекти, конкретно кон комбинираната гасна електрана во индустриската зона во Александрополис, Грција, за која цениме дека е поперспективна и со повеќе изгледи да биде реализирана во разумен рок. Нам ни е важно да обезбедиме сигурно снабдување со енергија од повеќе извори и подобрување на перформансите на нашата компанија и се разбира тоа да биде во догледна иднина, се вели во одговорот.

Во Владата, како што е посочено, се формирани работни групи кои треба да координираат околу прашањето за идната инвестиција на земјава во Грција.

Вчера во рамки на енергетскиот форум во Скопје, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, обелодени дека компанијата времено се откажува од инвестицијата во нуклеарната централа во Белене и се насочува кон гасната централа во Грција.

Електраната во Грција ќе биде со инсталирана моќност до 800 мегавати во која државава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 проценти, со што значително ќе се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно прозводство на електрична енергија.

Во август 2019 година, АД ЕСМ по насоки од Владата испрати писмо до Бугарија со намери за вложување во Белене.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more
 

Ново

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе