Есмералда на сцената на Националната опера и балет

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20:00 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Приказната за страста, љубовта и трагедијата на нашата сцена ќе ја изведат: Христина Наќевска Митрашиновиќ, во улогата на Есмералда, Балаж Лочеи (Унгарија) во улогата на Феб, Наташа Трендафилова-Гицев во улогата на Флер де Лис, заедно со првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност ги истражува длабочините на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби кои го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот, истакнува организаторот.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Култура

Македонскиот народен театар со разнолик репертоар: Од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Read more

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more

Изложба Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко

Read more

Кинотека на Македонија – Половина век филмска меморија

Read more
 

Вести

Путин со насмевка: Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Читај повеќе
  • play_arrow

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп

Читај повеќе

Орбан контра Брисел: Не сметајте на нас - нема да платиме

Читај повеќе

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Читај повеќе

Откриено кој стои зад идејата на Трамп за преземање на Гренланд

Читај повеќе

Фотографија со „кинески супервојник“ стана вирална

Читај повеќе

Сојузниците на Путин: Нè напушти кога ни беше најпотребен

Читај повеќе
  • play_arrow

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Читај повеќе

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Читај повеќе