Есмералда од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

Еден од бисерите на класичната балетска уметност, „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари со почеток во 20:00 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Хамбарѕумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франсиско Хименес Руис (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Симона Колиштркоска, во улогата на Гудула ќе настапи Саша Евтимова, која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност како истакнат балетски играч, педагог и кореограф.

Настапуваат: првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност ги истражува длабочините на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби кои го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот.

Тагови
реклама

Култура

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Read more

Почина поетесата Славица Гаџова Свидерска

Read more

Доксиадис и Скопје – изложба што ја враќа приказната за обновата по земјотресот во 1963

Read more

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Read more
 

Вести

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Читај повеќе

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Читај повеќе
  • play_arrow

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Читај повеќе

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Читај повеќе

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Читај повеќе

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Читај повеќе
  • filter

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: Десетици повредени

Читај повеќе

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Читај повеќе