ЕУ договори санкции кои ќе бидат болни за Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа политички договор за првиот пакет санкции против Русија, „што ќе биде многу болно за Русија“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жузеп Борељ.

– Овие санкции ќе бидат многу болни за Русија, рече Борељ по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Париз.

– Постигнавме едногласен договор за првиот пакет санкции, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

– Санкциите немаат чудесен ефект, но се економски болни, а исто така се болни и за луѓето против кои се насочени, рече Борељ.

Политичкиот договор за санкции, кој допрва треба да биде формално ратификуван за да стане закон, е одговор на ЕУ на руското признавање на сепаратистичките украински територии Доњецк и Луганск, чија независност беше прогласена од руските сепаратисти.

Се воведуваат санкции против 351 член на руската Дума и 27 физички и правни лица кои придонеле за загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, вклучувајќи ги и руски банки кои финансирале руска војска и други операции на тие територии.

– Ова е јасен одговор на (руските) прекршувања на меѓународното право. Санкциите се директно насочени кон поединците и компаниите вклучени во овие акции. Целта се банките кои го финансираат рускиот воен апарат и придонесуваат за дестабилизација на Украина. Ние, исто така, ја забрануваме трговијата меѓу двата отцепени региони и ЕУ – како што направивме по нелегалната анексија на Крим во 2014 година. И конечно, ја ограничуваме способноста на руската Влада да собира капитал на финансиските пазари на ЕУ. Ќе му отежниме на Кремљ да води агресивна политика, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Таа ја оцени како правилна одлуката на германската Влада да ја замрзне процедурата за издавање дозвола за работа на гасоводот Северен тек 2, кој директно ја поврзува Русија со Германија под Балтичкото Море.

– Северен тек 2 треба да се оценува во светлината на безбедноста на снабдувањето со енергија за цела Европа, бидејќи оваа криза покажува дека Европа сè уште е премногу зависна од рускиот гас, додаде Фон дер Лајен.

Ова е првиот пакет санкции, а Западот држи во резерва посилни санкции доколку кризата дополнително ескалира, коментираат познавачите на состојбите.

Пет руски банки се на списокот со санкции кои сега се договорени, но само една од нив е од системска важност.

Тагови
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Read more

Свет

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Read more

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Read more

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Read more

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот Харков

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе