ЕУ предлага нов данок на цигари, можен е бран поскапувања

Европската Унија ќе предложи нов данок на цигарите кој би се однесувал на целата територија, со што би се удвоиле акцизите во земјите членки со ниски даноци за цигарите, се наведува во нацрт документот на Европската комисија, пишува Financial Times.

Измените на законот се дел од напорите на Брисел да го намали процентот на пушачи и ќе ја зголемат минималната акциза на ЕУ за цигарите од 1,80 на 3,60 евра по кутија од 20 цигари, што би ги зголемило цените во земјите од Источна Европа каде кутија цигари се продава по цена и под 3 евра. Имајќи ги предвид постојните акцизи, можно е да дојде до поскапување од околу 1,33 евра за кутија цигари.

Нови акцизи и за новите тутунски производи

Ажурирањето на Директивата на ЕУ за даноци за тутун од 2011 година, исто така, ќе го усогласи оданочувањето на новите производи за пушење, како што е загреаниот тутун, со цигарите.

За посилните „vape“ производи би имало акциза од најмалку 40 проценти, додека „vape“ производи со помала јачина ќе подлежат на акциза од 20 проценти. Загреаните тутунски производи ќе подлежат на царина од 55 проценти или даночна стапка од 91 евро за 1.000 продадени артикли.

Алберто Алемано, професор по право на ЕУ во деловното училиште ХЕЦ Париз, вели дека отсуството на акцизна рамка на ниво на ЕУ за цигарите и загреаниот тутун „ги ослабува напорите за контрола на тутунот“ низ Унијата.

Акцизите за цигарите, исто така, значително би се зголемиле во земји како Австрија и Луксембург, каде што цените се ниски во однос на приходот.

ЕУ сака да го намали процентот на пушачи

Се очекува зголемувањето на даноците на цигарите да генерира дополнителни 9,3 милијарди евра за земјите-членки на ЕУ. Промените имаат за цел да ги забрзаат напорите на Унијата за постигнување „генерација без тутун“ до 2040 година. Исто така, ЕУ сака да ја намали употребата на тутун кај граѓаните од сегашното ниво од околу 25 проценти на 20 проценти во 2025 година и под 5 проценти во 2040 година.

Питер ван дер Марк, генералниот секретар на Европската асоцијација за тутун, предупреди дека „ако имате ненадеен, многу голем пораст, можете да создадете пазар за недозволена трговија“.

„Протечената“ проценка на влијанието вели дека зголемувањето на минималната акциза ќе има „силно влијание врз потрошувачите и бизнисите“ во земјите на ЕУ каде цените на цигарите се ниски, како што се Бугарија, Словачка, Полска и Унгарија.

Сите земји-членки на ЕУ ќе треба да се согласат со предлогот пред тој да биде вметнат во законот. British American Tobacco, еден од најголемите светски производители на цигари, истакна дека ова е „почеток на долг законодавен процес“. Комисијата уште не се огласила.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе