ЕУ презема мерки за заштита на Украина од руската агресија

ЕУ смета дека Русија се обидува „де факто да интегрира“ делови од источна Украина преку „нелегитимни избори“ и издавање пасоши на локалното население, објави агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на документ, кој циркулира меѓу членките на Унијата.

Покрај тоа, ЕУ има намера да ја зајакне енергетската безбедност на Украина, како и да ја привлече земјата да учествува во голем број безбедносни проекти на ЕУ во момент на најави за евентуална руска агресија, се наведува во документот.

Истовремено, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека прашањето за издавање пасоши е чисто од хуманитарен карактер, дека Русија нема желба да му создава проблеми на Киев, но ситуацијата со граѓанските права во Донбас ја преминува границата.

Во документот на ЕУ се наведени голем број опции кои Унијата може да ги преземе за „зајакнување на отпорноста на Украина кон руската агресија“. Тие вклучуваат зајакнување на поддршката за земјата во борбата против „хибридните закани, вклучително и спротивставување на кибер заканите и дезинформациите“, помагање на Украина со вакцинации, особено за ранливите групи, со цел да се спречи слабеењето на земјата како резултат на социо-економска или здравствена криза. ЕУ, исто така, размислува за зголемување на енергетската безбедност на земјата „за да се намали зависноста од Русија“ и пристапот на Украина да учествува во некои безбедносни проекти на ЕУ.

Агенцијата Bloomberg додава дека Европската служба за надворешни работи планира да изготви извештај за ова прашање.

Украинските власти и западните земји постојано ја обвинуваат Русија за мешање во внатрешните работи на Украина. Русија ги негира обвинувањата и ги нарекува недопустливи. Москва постојано изјавува дека не е инволвирана страна во внатрешноукраински конфликти и е заинтересирана Киев да ја надмине политичката и економската криза.

реклама

Јадрото на Земјата станува сѐ погусто од едната страна, научниците не знаат зошто

Read more

Што ќе се случи ако правите 300 „чучњеви“ секој ден, цел месец?

Read more

Кит проголта нуркач, па го исфрли неповреден

Read more

Путин: Замислете да испратиме војска до вашите граници

Read more

Свет

Речиси една петтина од Бугарите плаќале поткуп за здравствена услуга

Read more

Предупредување до над 48 милиони луѓе: Следува пекол на Земјата

Read more

Путин: Замислете да испратиме војска до вашите граници

Read more

Столтенберг: Членот пет ќе се активира и за вселенски напади

Read more
 

Вести

Речиси една петтина од Бугарите плаќале поткуп за здравствена услуга

Читај повеќе

Предупредување до над 48 милиони луѓе: Следува пекол на Земјата

Читај повеќе

Денеска се решава за укинување на полицискиот час

Читај повеќе

Прв НАТО самит каде С. Македонија учествуваше како полноправна членка

Читај повеќе

Променливо облачно со северен ветер, од четврток значително потопло

Читај повеќе

Пристигнаа уште 12.870 дози Pfizer вакцини

Читај повеќе

Словенија прогласува крај на епидемијата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред МНР бара да се соопшти за што се преговара

Читај повеќе

Приведен 26-годишник кај кого се најдени 44 пакувања марихуана

Читај повеќе