Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА, и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече EHF Youth Club Competition. Во премиерното издание ќе учествува и Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе учествуваат на турнирот во Букурешт, а противници ќе им бидат Динамо, Кјелце и Висла.

Премиерното издание ќе се игра турнирски, а завршниот турнир ќе биде во Келн.
Ќе учествуваат 16 екипи поделени во 4 групи од по 4 екипи. Победниците на турнирите ќе се пласираат на фајналфорот во Келн.
Турнирите ќе се одржат во Барселона, Букурешт, Веспрем и Берлин:
Турнир во Барселона: Барселона, ПСЖ, Нант, Спортинг
Турнир во Веспрем: Веспрем, Загреб, Сегед, Војводина
Турнир во Берлин: Фихсе, Магдебург, ГОГ, Севехоф
Турнир Букурешт: Динамо Букурешт, Кјелце, Висла, Еурофарм Пелистер
Вкупно 13 од 16 клубови кои имаат тимови во сениорската Лига на шампиони учествуваат во ова ново натпреварување за играчи до 18 години.
Алборг, Фредериција и Колстад не се дел од турнирот, а нивните места ги заземаа ГОГ, Војводина и Севехоф.
ЕХФ се надева дека новото клупско натпреварување, младинската Лига на шампиони, дополнително ќе помогне во развојот на ракометот.