Еволуција на облакодерите: Највисоките градби од 1901 до денес
YouTube каналот FilmCore објави видео во кое на совршен начин е прикажана еволуцијата на облакодерите.
Анимацијата започнува со 1901 година, со завршување на градба во Филаделфија висока 167 метри, а завршува со приказ на нова градба во Дубаи, која ќе биде висока 1.345 метри кога ќе биде завршена во 2021 година.
Од видеото ќе дознаете кои градби порано ја носеле титулата на највисоки градби во светот, како Емпаер Стејт Билдинг, кулите-близначки Петронас во Куала Лумпур и други објекти.