Полициската агенција на Европската Унија (Европол) денеска ги предупреди земјите да внимаваат на лажните потврди за тестирање за COVID-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат пари со забраната за патување поради пандемијата.
Многу земји бараат од патниците да имаат негативен тест за COVID-19 при влез во земјата, со цел да се забави ширењето на коронавирусот.
Европол денеска соопшти дека членките на ЕУ неодамна пријавиле случаи, меѓу кои и група фалсификатори кои продавале лажни потврди со негативен тест за коронавирусот на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, како и апсење на измамници во Шпанија, кои исто така продавале лажни резултати.
Британските власти исто така уапсиле измамници кои за 100 фунти продавале потврди за тестирање на коронавирусот.