Европол: Уапсени 166 криминалци од Југоисточна Европа

Во заедничка акција на 34 земји, вклучително и Северна Македонија, минатата недела беа уапсени 166 лица во операција против организиран и тежок меѓународен криминал во Југоисточна Европа, соопшти денеска Европол, полициската агенција на Европската Унија.

Покрај европските земји, во операцијата учествуваа и САД, како и Европол, Европската агенција за соработка во кривичната правда (Јуроџаст) и Европската агенција за гранична контрола (Фронтекс), а меѓу партнерите беа Интерпол и Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал ( УНОДЦ).

Според соопштението на Европол, вкупно 8.838 припадници на полицијата, граничните трупи и царинските служби учествувале во четиридневната акција чија цел е сузбивање на илегалната имиграција и шверц на оружје и наркотици.

Повеќе од 39.000 луѓе и 44.000 возила биле прегледани на граничните премини и точки за кои постои сомневање дека се центри за шверцерски активности. Ова, како што се наведува, резултирало со апсење на 17 лица во повеќе европски земји за криумчарење или нелегално поседување огнено оружје, 73 лица за криумчарење мигранти или илегална имиграција и 37 лица за шверц на наркотици.

Седум лица биле уапсени за истовремен шверц на дрога и огнено оружје, а меѓу уапсените има и 12 лица за измама извршена со лажни документи, едно лице кое било барано со меѓународна потерница и 19 лица за кривични дела кои не биле предмет на самата акција.

Покрај тоа, запленети се 51 парче разновидно оружје и 47 килограми разновидна дрога, се наведува во соопштението. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе