Европски избори: Ниска излезност во Хрватска, Унгарија со најмногу гласачи

Макфакс
/ 09.06.2024 / 16:33

Првите податоци за излезноста на изборите за Европскиот парламент во земјите во кои денеска се гласа, покажуваат различен одзив на гласачите до 11 часот – од 7% во Хрватска до 22% во Унгарија.

Мнозинството земји од ЕУ гласаат денеска, додека некои веќе гласаа во петок и сабота.

До 11:30 часот гласале 7,69% од гласачите во Хрватска, што е за повеќе од 2% помалку отколку на изборите во 2019 година, кога излезноста беше 9,93%.

Нешто повеќе од 3,7 милиони гласачи во Хрватска избираат 12 хрватски пратеници кои ќе ги претставуваат во Европскиот парламент во следните 5 години.

Првите резултати ќе бидат објавени во 23 часот, а резултатите од излезните анкети во 19 часот.

Во Словенија до 11 часот излезноста била 11,88%, што е за 3 процентни поени повеќе од пред 5 години, покажуваат податоците на Националната изборна комисија, пренесува STA.

Словенците избираат 9 пратеници во ЕП, а гласачките места се затвораат во 19 часот.

Во Бугарија, според податоците на изборната комисија, излезноста до 11 часот на гласањето за националниот и европскиот парламент била околу 8,5%, пренесува Reuters.

Значително поголем одѕив е забележан во Унгарија. До 11 часот на гласање излегле 22,89% или речиси 2 милиона гласачи. Ова е значително повеќе отколку во 2019 година, кога одѕивот на гласачите до 11 часот беше околу 17%.

Во Грција до 11:30 часот гласале 1.260.931 гласач или 13,1% од запишаните избирачи, јавуваат грчките медиуми.

Во Романија до 13 часот гласале 21,93 отсто од избирачите со право на глас на изборите за Европскиот парламент.

Во Франција до пладне гласале 19,81 отсто од граѓаните со право на глас.

Тагови
реклама

Свет

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Read more

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Read more

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more
 

Вести

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Читај повеќе

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Читај повеќе

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Читај повеќе

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Читај повеќе

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Читај повеќе