УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/22

Европски трофеј за Рома по 61 година, историски успех за Мурињо

Рома го победи Фејнорд со 1:0 во финалето на првата сезона од Европа конференциската лига на УЕФА.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Николо Ѕаниоло во 32. минута. Со оваа победа Жозе Мурињо влезе во историјата како прв освојувач на Конференциската лига, но и прв тренер кој ја освоил Лигата на шампионите, Лига Европа (или Купот на УЕФА) и Конференциската лига.

Фејнорд подобро влезе во натпреварот од Рома. На почетокот имаше голема нервоза кај Жозе Мурињо и неговиот тим. Португалскиот тренер се расправаше и постојано вршеше притисок врз судиите. На неговото расположение негативно влијаеше тоа што еден од неговите најдобри и најискусни играчи Хенрих Мхитарјан мораше да излезе од игра поради повреда во 16. минута.

Напнатост покажаа и навивачите кои ден претходно се судрија низ улиците на Тирана, а пред почетокот на натпреварот направија процесија со факели на трибините. Неколкумина имаа и некои нерешени сметки од претходната вечер, но ништо што обезбедувањето на стадионот можеше брзо да го спречи.

Ѕаниоло - херојот на Рим

Случувањата на теренот не беа толку интересни до 32. минута. Николо Ѕаниоло постигна гол по грешката на стоперот на Фејнорд, Гернот Траунер. Австриецот погрешно го процени центаршутот на Манчини, скокна и ја промаши топката со глава, а Ѕаниоло чекаше на втората статива и неговата грешка ја претвори во гол. Ја турна топката покрај голманот на Фејнорд за водство на Рома од 1:0.

До крајот на првото полувреме Холанѓаните заиграа подобро, но Рома на одмор замина со предност. Во вториот дел Фејнорд ја презеде иницијативата, но не успеа да постигне гол. Холанѓаните на стартот од полувремето погодија две стативи.

Remote video URL

Европски трофеј за Рома по 61 година

До крајот, секоја екипа пропушти по една ветувачка можност. Во 88. минута Пелегрини можеше да ги реши сите дилеми околу победникот  по одличното проигрување на резервистот Верету. Но, Бајлов го одбрани неговиот удар. Линсен, кој влезе од клупата на Фејнорд, ја промаши целата топка од пет метри во судиското надополнување во вториот дел.

За Рома ова е првата европска титула од 1961 година кога го освои Купот на саемските градови, натпреварување кое сепак е неофицијално бидејќе не беше на УЕФА. Фејнорд, пак, не успеа да освои трофеј после 20 години. Имено, тие во 2002 година ја совладаа Борусија Дортмунд во финалето на Купот на УЕФА. Италијанскиот тим по победата против Фејнорд ќе заработи 5 милиони евра.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе