Доларот зајакна

Еврото слабее поради политичката криза во Германија

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми минатата недела, иако американската ФЕД ги намали каматните стапки, додека еврото ослабна поради кризата на германската коалициска влада. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 104,95 поени.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,1 отсто, на 1,0718 долари. Сепак, американската валута ослабе во однос на јапонскиот јен за 0,2 отсто, па нејзиниот курс се лизна на 152,65 јени. Очекувано, челниците на американската централна банка на својата минатонеделна седница одлучија да ги намалат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, на опсег од 4,50 до 4,75 отсто.

Пазарот на труд благо ослабе, стапката на невработеност е на ниски нивоа, додека економијата солидно расте, а инфлацијата се лизга кон целното ниво од 2 отсто, се вели во соопштението на ФЕД.

„Во оваа возбудлива недела, Банката на федерални резерви не придонесе за драмата бидејќи се очекуваше ваков потег. И покрај намалувањето за 0,25 процентни поени, каматните стапки остануваат рестриктивни, но не толку како порано“, вели Брајан Јакобсен, економист во Annex Wealth Management.

Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер

И покрај намалувањето на каматите по втор пат годинава, доларот зајакна во однос на европската валута. Имено, еврото е под притисок поради кризата на германската коалициска влада откако канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер.

Во фокусот на инвеститорите минатата недела беше победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

На пазарите се очекува новостариот претседател да води протекционистичка економска политика, како и во претходниот мандат, да ги намали даноците и да спроведе дерегулација во различни области.

„Изборите ќе имаат одредени последици, така што верувам дека ќе има мало подобрување на економскиот раст во однос на сегашните проценки, но и мало зајакнување на инфлацијата. А тоа може да значи дека ФЕД ќе ги намалува каматните стапки побавно од очекуваното“, вели Јакобсен.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Бизнис

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Read more

BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции

Read more

Берзите во исчекување, бележат благ раст

Read more

Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа

Read more
 

Вести

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе

Наутро минус, а попладне пролет

Читај повеќе

Прв до врв ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Читај повеќе