Еврото зајакна, инфлацијата во еврозоната рекордна

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела, при што еврото се оддалечи од најниското ниво во последните 20 години, бидејќи Европската централна банка би можела повторно агресивно да ги зголеми каматните стапки поради високата инфлација.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,7 отсто, на 112,17 поени.

Истовремено, доларот се лизна за 1,15 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 0,9802 долари. Сепак, доларот зајакна во однос на јапонската валута, за 1 отсто, на 144,75 јени.

По две недели силен раст, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна минатата недела. Сепак, на почетокот на неделата не изгледаше дека ситуацијата ќе се развива во таа насока.

Британската фунта под притисок

Индексот на доларот се проби, за првпат по 20 години, над нивото од 114 поени, што главно беше последица на слабоста на британската валута. Во понеделникот фунтата потона на рекордно ниско ниво од 1,0327 долари, бидејќи економскиот план на новата влада ги зголеми стравувањата на пазарот дека британските јавни финансии ќе бидат претерано растегнати.

Новата влада најави намалување на даноците и инвестициски стимулации за поддршка на стопанството, кои би ги финансирала со најголемиот долг од 1972 година. Но, критичарите велат дека овие економски мерки ќе бидат од корист за богатите и дека јавниот долг нагло ќе се зголеми во време на раст на каматните стапки.

Британската централна банка пред една недела седма сесија по ред ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени и соопшти дека економијата веројатно веќе е во рецесија.

Сепак, во втората половина од неделата фунтата закрепна, благодарение на интервенциите на централната банка на пазарот на обврзници за стабилизирање на приносите и пораките дека ќе направи се што е потребно за да го стабилизира девизниот курс. Благодарение на ова, фунтата се врати над нивото од 1,11 долари до крајот на неделата.

Еврото зајакна, инфлацијата во еврозоната рекордна

Слично се развиваше и состојбата со еврото. Во голема мера поради турбуленциите на британската валута, цената на еврото потона на почетокот на неделата на само 0,9528 долари, ново ниско ниво во последните 20 години. Сепак, еврото подоцна ги поврати сите загуби и зајакна во однос на американската валута на неделно ниво.

Порастот на еврото е благодарение на очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) на седницата во октомври повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, бидејќи инфлацијата во еврозоната не стивнува.

На ова најпрвин укажа фактот што во септември инфлацијата во Германија скокна на 10,9 отсто, што е највисоко ниво од 1996 година и значително повисока од очекуваното. Потоа во петокот беше објавено дека инфлацијата во еврозоната достигна 10 отсто во септември, што е ново рекордно ниво од постоењето на блокот.

Сепак, освен ЕЦБ, ФЕД најверојатно ќе продолжи со агресивно зголемување на каматните стапки, па останува да се види како ќе се развива ситуацијата во наредните недели.

Доларот годинава зајакна за 17 отсто

Во третиот квартал еврото ослабе за 6,5 отсто во однос на доларот, што е негов најголем квартален пад од крајот на 2016 година.

Во однос на јапонската валута, доларот во третиот квартал зајакна за 6,7 отсто, а во однос на британската фунта за 8,3 отсто.

Од почетокот на годината, доларот зајакна за околу 17 отсто во однос на кошницата валути, па е на пат кон својот најголем годишен приход барем од 70-тите.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе