Ф1 покажа први кадри од болидот за сезоната 2021

Ф1
/ 22.08.2019 / 16:58

Хинвил, 22 август 2019 (МИА) – Формула 1 ги објави првите фотографии на прототипот на болидот за сезоната 2021. Кадарот е од воздушниот тунел на Заубер. Според техничкиот директор на тимот од Формула 1, Пат Симондс, резултатите од тестовите во воздушниот тунел се исклучителни. За официјалната страница на Ф1, Симондс објасни дека податоците ќе бидат презентирани на сите десет екипи во првенството.

Формула 1 сè уште работи на структурирање на правилата за следната генерација тркачки автомобили. Регулативите за сезоната 2021 година ќе бидат изменети за да може полесно да се преминува, а конкуренцијата да биде поголема.

– Тестовите што ги извршуваме се малку поразлични од оние на тимовите. Ние сме заинтересирани за тоа како автомобилот реагира различно, додека тимовите се борат да извлечат максимум од автомобилот на еден начин. Во воздушниот тунел, ние користиме многу напредни техники кои обично не ги користат тимовите, коментира Симондс.

Според него, резултатите се над она што очекувал да се постигне со овие тестови.

Користениот воздушен тунел е сопственост на независна советничка група Заубер и од Формула 1 уверуваат дека Алфа Ромео нема да има предност од добиените информации.

Новите правила за сезоната 2021 ќе бидат објавени до крајот на октомври. Сегашните Ф1 пилоти, исто така, дадоа свое мислење како тие треба да изгледаат.

реклама

Пет розови фламинга во посета на Преспанското Езеро

Read more

Дневен биланс: 141 новозаразен од COVID-19, 4 лица починаа

Read more

Кога кај нас вака: Велосипедска патека долж брегот во Турција, #НаТочак апелира за вакви промени и во Македонија

Read more

Приведен малолетникот кој потпалуваше шума на Tik-Tok

Read more

Ф1

Болидот на Фетел ќе добие нова шасија за шпанското Гран при

Read more

Верстапен победник на јубилејната трка во Формула 1

Read more

Верстапен не верува во чудо: Хамилтон ќе биде шампион

Read more

Фетел: Не му верував на болидот

Read more

Спорт

Довициозо ќе го напушти Дукати на крајот на 2020 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Поставен нов светски рекорд на 5.000 метри во Монако

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Познати сите учесници во НБА плеј-офот

Читај повеќе

Петковски: Одиме по бодови против Беласица, ама без потценување

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв пат по 1946 година Барса прими 8 голови

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум фудбалски менаџери кои воделе клуб и репрезентација истовремено

Читај повеќе
  • play_arrow

Разумни трансфери: Барселона

Читај повеќе

Вака изгледа распоредот за НБА плејофот

Читај повеќе

Симеоне: Заслужено бевме елиминирани

Читај повеќе