Од компанијтата Facebook се огласија на Twitter откако нивните сервиси престанаа со работа ширум светот.
„Знаеме дека некои луѓе имаат проблеми со пристап до нашите апликации. Работиме на проблемот, на работите што побрзо да се вратат во нормала. Се извинуваме поради непријатноста“, наведоа во соопштението.
Facebook, Facebook Messenger, Instagram и WatsApp престанаа да функционират денеска по 17 часот.
Досега има повеќе од 125.000 пријави на Down Detector, една од најпопуларните страници кои служат за пријавување проблеми при користење различни сервиси.