Популарната социјална мрежа Facebook денеска слави 17 години постоење, со повеќе од 2 милијарди активни корисници низ светот.
На денешен ден во 2004 година Марк Закерберг, како поранешен студент од Харвард, го основал Facebook со намера преку оваа социјална мрежа студентите да комуницираат и разменуваат информации.
Но, подоцна многу други универзитети, средни училишта и компании се приклучија на Facebook, мрежа со над 2 милијарди корисници во овој момент.
Денес, Facebook е најпопуларниот сервис за социјализација. Мрежата им го промени начинот на живот на многумина, донесе нов начин на размена информации и поврзување и го олесни одржувањето врски со пријателите и роднините од другиот крај на светот.