Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

По завршувањето на светската турнеја, Мадона се соочи со тужба поради доцнењето и експлицитната содржина на концертот без претходно предупредување.

Како што пишуваат странските медиуми, фанот Џастен Липелес, кој присуствувал на нејзиниот настап во Инглвуд, Калифорнија во март во рамките на „The Celebration Tour“, ја тужел пејачката бидејќи концертот бил премногу сексуален.

Во тужбата тој тврди дека публиката била принудена да гледа топлес танчери кои симулираат сексуални чинови. Снимките кои кружат на социјалните мрежи ги прикажуваат танчерите на Мадона како на неа и на Рики Мартин им танцуваат во скут.

„Присилувањето на обожавателите да чекаат со часови на жешки, неудобни места и изложувањето на порнографија без предупредување го демонстрира бесмисленото непочитување на Мадона кон сопствените обожаватели“, се вели во тужбата.

Понатаму, Липелес наводно тврди дека не била само претерано сексуализираната изведба што довела до неговата тужба. Тој тврди дека пејачката ја исклучила климата во салата поради што станало загушливо и наводно во еден момент му се слошило, а истакнува и дека пејачката ѝ предложила на публиката да се соблече.

Доколку неговите тврдења се покажат точни, ова нема да биде првпат климата да се исклучи на концерт на Мадона. Во април медиумите пишуваа дека истата ситуација постоела и за време на настапот во Мајами. Дополнително, Липелес изјавил дека Мадона доцнела бидејќи наместо во 20 часот и 30 минути, настапот започнал во 22 часот.

Медиумите побараа коментар до нејзините претставници, но сè уште не добиле одговор.

Тагови
реклама

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата со парите во јули

Read more

Музика

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Лени Кравиц откри дека е во целибат девет години

Read more

Rammstein направи спектакл во Белград

Read more

Селин Дион низ солзи зборуваше за ретката болест: Ако не можам да одам, ќе ползам

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв трејлер за серијата Women in Blue – приказната за првите жени во мексиканската полиција

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Читај повеќе

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Romulus, седмиот филм од Alien

Читај повеќе
  • filter

Анистон снимена во јавност по посетата на пластичен хирург: Промените се очигледни

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Читај повеќе