Вчерашниот дебакл на Јувентус, кога беше поразен од Интер со 2:0, нема да го поттикне тренерот Андреа Пирло да се повлече од функцијата, ниту пак да ја преземе вината целосно на себе.

Пирло се бранеше дека „Тренерот е секогаш виновен кога се губи, но играчите не ме слушаа“.
Навивачите на „Старата дама“ пак, покрај тоа што се фрустрирани од сѐ поголемата недостижност на титулата, исто така реагираа и на начинот на кој Јувентус се третира во медиумите.

Имено, меѓу многуте критики упатени кон Пирло, се најдоа и коментари за тоа дека кога Јуве победува, веста се илустрира со фотографија на Кристијано Роналдо, дури и ако тој не постигнал гол на натпреварот, а кога „Старата дама“ губи, лицето на поразот е Пирло.
Сепак, преовладуваат критики за тоа дека Пирло не се снаоѓа најдобро на клупата на „бјанконерите“, а некои дури правеа споредби и со неговиот претходник Маурицио Сари.