Одлуката на Netflix на ја додели улогата на Маргарет Тачер на ѕвездата од „X-Files“, Џилијан Андерсон, предизвика бура негодувања и кај фановите на серијата и кај оние на актерката поради различните убедувања на Андерсон и на поранешната премиерка на Обединетото Кралство.
„The Crown“ го следи животот на кралицата Елизабета II, а веќе стигна до четвртата сезона каде следува периодот кога контроверзната Маргарет Тачер е премиерка. Netflix викендов потврди дека Андерсон е одбрана да ја игра улогата на „железната дама“.
Тачер беше позната по својата десно-ориентирана економска идеологија. Ги разбиваше работничките синдикати, ја приватизираше индистријата, го задушуваше бунтот во Северна Ирска, а со војна ги врати Фолкландските Острови од Аргентина. Беше против имиграција, против ЛГБТ заедницата, додека за фиминизмот велеше дека е „отров“.
Андерсон е целосна спротивност од она што беше Тачер. Таа е голем активист во борбата за правата на жените и е позната феминистка. И не само тоа, активист е за правата на децата, на домородните народи, на животните, а се бори и за заштита на природата.
„Мислам дека Андерсон не е свесна за што се залагаше Тачер. Не верувам дека има сфатено. Тачер беше монструм и воен злосторник“, напиша еден фан.
„Ми се допаѓа Џилијан и веројатно ќе му се допадне и како ќе ја одигра улогата. Но, дали тоа значи дека ќе почне да ми се допаѓа и Тачер?“, коментираше друг.
Има и такви кои го бранат изборот на Андерсон бидејќи актерството не треба да има врска со приватниот живот.
„А што е со Хитлер? Германскиот актер Бруно Ганц одлично го одигра Хитлер во „Der Untergang“. Дали требаше да ја одбие улогата поради идеолошката разлика со ликот? Дали Хитлер требаше да го глуми вистински нацист?“