Фановите удрија по Бијонсе: Дволична си!

Бијонсе наиде на критики за нејзиниот говор на доделувањето на Греми наградите, а многумина ја нарекоа „дволична“ и „лицемерна“ за она што го кажа на сцената додека ја примаше наградата.

41-годишната пејачка влезе во историјата соборувајќи го рекордот по бројот на освоени Греми награди откако ја доби својата 32-ра статуетка на свеченоста. Зборувајќи пред присутните, таа низ солзи им се заблагодари на својот сопруг, децата и починатиот геј вујко и нагласи како својот албум го посветува на афроамериканската и квир денс култура.

Сепак, обожавателите веднаш ја прозваа ѕвездата затоа што во нејзиниот говор ја спомнала ЛГБТИК заедницата, бидејќи неодамна одржа концерт во хомофобниот Дубаи, за што беше платена неверојатни 24 милиони долари.

„Бијонсе се заблагодарува на квир заедницата на Греми неколку дена по настапот во Дубаи... Сега ми е мило што не ја освои наградата за албум на годината“, напиша еден фан на Twitter.

„Очигледно заборавила дека за 24 милиони долари се согласила да пее во земја каде што убиваат ЛГБТИК луѓе“, додаде друг.

Remote video URL

На концертот не изведе ниту една песна од последниот албум

Да потсетиме, спорниот концерт се одржа само за лица со ВИП влезници, кои мораа да се појават во свечена облека. Публиката беше воодушевена од големиот огномет, а меѓу познатите во публиката беа и Клои и Хали Бејли, Ниа Лонг, Кендал Џенер и Ребел Вилсон.

Настапот го започна со At Last од Ета Џејмс, а потоа следеа нејзините хитови Beautiful Liar, Halo, Crazy in Love и други. Интересно е што Бијонсе не изведе ниту една песна од нејзиниот последен албум Renaissance од 2022 година, кој беше номиниран за Греми и кој го посвети на ЛГБТИК заедницата.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе