Фасцинантни книжевни цитати за љубовта од Џејн Остин

Во чест на роденденот на англиската писателка Џејн Остин, одвоивме неколку фасцинантни книжевни цитати од нејзините дела.

Родена е на 16 декември 1775 година, починала на 18 јули 1817 година. Таа во романите реалистички го слика секојдневниот живот на англиската провинција. Заплетите на нејзините романи, проткаени со хумор и блага иронија се едноставни и произлегуваат од психологијата на ликовите во обичните човечки односи, а дијалогот е многу вешто воден.

Познати нејзини дела се: „Разум и чувства“, „Гордост и предрасуди“, „Паркот Менсфилд“, „Ема“, „Убедување“ и други. 

Делата на Остин комично ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Иако напишала 6 книги за љубовта, таа никогаш не се омажила.

Не постои жена во светот која не ја читата Џејн Остин, а овие цитати ќе ве убедат во тоа:

„Фантазијата на жената е многу брза, за само еден момент може да скокне од почит во љубов и од љубов во брак.“ 

„Постојат луѓе, кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку ќе прават за себе.“

„Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добра книга, мора да е неподносливо глупава.“

„Колку повеќе го запознавам светот, толку повеќе сум убедена дека нема да  најдам маж кој навистина ќе го сакам. Јас навистина многу барам!“

„Со сигурност нема толку богати мажи во светот, колку што има жени кои ги заслужуваат.“

„Добро позната вистина е дека самец  кој има големо богатство мора да сака сопруга.“

„Понекогаш, жената може да изгледа подобро на 29 години одошто изгледала 10 години претходно.“

„Пружи ѝ на девојка образование и добро запознај ја со светот, 10 наспрема 1 дека таа има сè што ѝ треба за да ѝ биде добро во животот, без понатаму да биде трошок за никого.“

„Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“

„Знаете, себичноста мора секогаш да се простува, бидејќи не постои надеж дека може да се излечи.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе