ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Фавр: ПСЖ не е само Нејмар, имаат куп виртуози

Предводникот на Борусија вечерва е пред тешка задача бидејќи го пречекува тимот на ПСЖ, еден од фаворитите за освојување на пехарот.

Лусјан Фавр е швајцарски тренер, но од францускиот дел на земјата. Во Франција беше само еднаш, кога ја тренираше Ница две сезони пред во 2018 да дојде во Дортмунд. Претходно ги водеше и Борусија од Менхенгладбах, Херта, Цирих, Сервет, Ивердон и Ешален.

„За да се подготвиме за овој натпревар гледавме неколку натпревари на ПСЖ. Ги анализиравме нивните играчи и подготвени сме за да се соочиме со нив. Но, тие се опасен тим, завршија со добра предност пред Реал Мадрид во групната фаза. Тоа кажува сѐ. Сепак, на крајот сѐ ќе зависи од тоа како ние ќе одиграме“, вели тој.

Фавр не смета најголемата опасност по неговиот гол ќе биде Нејмар бидејќи ПСЖ има и други одлични играчи. Всушност, неговиот колега Тухел е на слатки маки кога бира кои играчи ќе ја сочинуваат офанзивата.

„Нејмар е многу, многу добар, но таму се и Мбапе и Ди Марија. Можам да набројам уште десет добри играчи. Сите играчи на ПСЖ имаат одлични квалитети, а Реал Мадрид го победија и без Нејмар“, смета Фавр.

„Одлични се во крадењето на топката и брзо се префрлаат во напад. Против нив треба да се игра контра пресинг, но може и да се чека стрпливо на контри“, открива дел од против играта која ја подготвува за вечерва.

Адутот на Берусија е норвешкото чудо Ерлинг Браут Холанд кој денеска ќе дебитира во Лигата на шампионите во жолтиот дрес.

„Многу брзо се адаптираше и ја покажа неговата сила, иако има само 19 години. Се разбира, во Дортмунд е поинаку отколку во Салцбург, но тој и за нив играше во Лигата на шампионите и постигнуваше голови. Се надевам дека тоа ќе го прави и со нас“, заврши Фавр.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе