ФБИ: Кинески хакери се обидуваат да украдат истражувања за COVID-19 вакцина

Вашингтон, 13 мај 2020 (МИА) – Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност денеска предупредија дека хакери поддржани од кинеската Влада можеби се обидуваат да украдат анализи на американските истражувачи за развој на вакцина и лекови за новиот коронавирус.

Двете агенции издадоа предупредување за потенцијална закана. Тие издадоа слично предупредување на почетокот од овој месец.

Во заедничката изјава се вели дека напорите на Кина претставуваат „значајна закана“ за здравствениот, фармацевтскиот и истражувачкиот сектор.

„Обидите на Кина да се фокусира на тие сектори претставува сериозна закана за одговорот на нашата земја за COVID-19“, се вели во соопштението.

Хакери, но и истражувачи и студенти, според американската администрација се активни во кражба на информации во рамките на универзитетските институти и јавните лаборатории каде што работат.

ФБИ и Агенцијата за сајбер безбедност соопштија дека ќе ги објават техничките детали за заканата во наредните денови и побарале од организациите да пријават каква било сомнителна активност. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе