ФДА и ЦДЦ препорачаа пауза на вакцинацијата со Johnson & Johnson по појавата на случаи на згрутчување на крвта

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Johnson & Johnson против COVID-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта, јави CNN.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Johnson & Johnson, администрирани во САД.

Сите шест случаи се случиле кај жени на возраст меѓу 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6-13 дена по вакцинирањето, се вели во денешната заедничка изјава на д-р Ана Шухат, главен заменик директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за билошка евалуација и истражување при ФДА.

„ЦДЦ за утре свика состанок на Советодавниот комитет за практики на имунизација (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и проценка на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението.

„ФДА ќе ја разгледа таа анализа бидејќи ги истражува и овие случаи. Додека не заврши тој процес, препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, првенствено поради претпазливост. Ова е важно и за да се осигура дека давателот на здравствени услуги во заедниците е свесен за можни вакви несакани појави и ќе може да планира правилно препознавање и управување, поради единствениот третман потребен со овој вид на тромб“.

Во изјавата на Johnson & Johnson за CNN се посочува дека сите оние кои до три седмици по вакцинирањето имаат голема главоболка, болка во стомакот, болка во нога или недостиг на здив, треба да побараат медицинска помош.

Сепак, како што пренесува CNN ваквите нус појави се „екстремно ретки“, односно се случуваат една во милион.

Според д-р Карлос дел Рио, извршен соработник декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори додаде дека згрутчувањето на крвта може да биде поврзано со тоа дека вакцината на Johnson & Johnson е вакцина против аденовирус – ист тип како и вакцината против коронавирус на AstraZeneca.

И Европската агенција за лекови минатата недела соопшти дека ја испитува поврзаноста на вакцината Janssen со појавата на згрутчување на крвта.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе