Тенис

Федерер го елиминираше Ѓоковиќ и го остави без прво место на АТП листата

15. ноември 2019 - 9:00 | М.С.

Во одлучувачкиот дуел од групата Б на завршниот Мастерс во Лондон, Роџер Федерер го совлада Новак Ѓоковиќ со резултат од 2:0 во сетови.

Федерер славеше по 1 час и 14 минути игра со резултат 6:4, 6:3 и на тој начин се пласираше во полуфиналето, додека Ноле го заврши својот настап на последниот турнир од оваа сезона.

Со овој пораз, Ѓоковиќ ги изгуби сите шанси да се најде на првото место на АТП листата, па титулата најдобар тенисер на светот ќе ја понесе Рафаел Надал.

Федерер се приклучи на Доминик Тим од групата Б, а утре ќе знаеме дали Надал или Зверев ќе му се приклучат на Стефанос Циципас во групата А.

Коментирај