Феномен што не познава граници: Популарната серија ги „запали“ апликациите за шах

Серијата „The Queen's Gambit“ го обнови интересот за шах, што најдобро може да се воочи во продавниците за онлајн апликации каде масовно се преземаат апликации за шах.

Во моментов, „The Queen's Gambit“ е една од најпопуларните серии на Netflix. Милиони ширум светот го гледаа (или сè уште го следат) подемот на „чудото од дете“ Бет Хармон (ја игра Ања Тејлор-Џој) од сиропиталиште до шаховска ѕвезда, а она што е особено интересно е дека благодарение на серијата, интересот за оваа древна игра повторно се зголеми.

Многумина веројатно повторно ги извадија старите шаховски табли со црно-бели фигури и барем на кратко „побегнаа“ од пандемската реалност, додека други, особено помладата генерација, се свртеа кон шахот на онлајн преку разни шаховски апликации.

Влијанието на серијата „The Queen's Gambit“ не познава граници и се преслика и во современиот дигитален свет. Популарноста на Chess.com и придружните мобилни апликации е значително зголемена. Набргу откако серијата започна да се емитува, апликацијата брзо се најде на третото место во категоријата стратешки игри за iPhone во САД и на второто место во онлајн продавницата за апликации на Apple во Велика Британија. Според податоците на компанијата App Annie, оваа апликација во САД скокнала за дури 256 места и сега е на 62-то место меѓу сите игри.

Она што е особено интересно е што бројот на преземања на оваа шаховска апликација е доста различен за iPhone и Android. Иако самата апликација е повеќе или помалку иста и нема разлика во преземањето помеѓу овие платформи, во последно време бројот на преземања на телефоните на Apple е зголемен за 61% во споредба со мобилните уреди со оперативниот систем на Google.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе