ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ХРВАТСКА/ДАНСКА/ГЕРМАНИЈА 2025

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Голманот на шпанската репрезентација, Гонсало Перес де Варгас, направи одличен потег на натпреварот од третото коло од групната фаза против селекцијата на Шведска.

Се играше 40. минута од дербито на Светското првенство кога беше досуден пенал за Шведска поради прекршокот на Дани Дујшебаев над Себастиан Карлсон.

Хампус Ване ја зеде топката и се подготви да го изведе седмерецот против познатото лице, соиграчот од Барселона Гонсало Перес де Варгас, кој го замени Сергеј Ернандес на голот на Шпанија.

Дуото играше заедно во претходните три сезони и заедно ја освоија Лигата на шампионите, како и Купот и Суперкупот по двапати, а играа и на Светските клупски првенства во 2023 и 2024 година.

Се познаваат повеќе од добро, што беше повеќе во корист на шпанскиот голман, кој со одлична реакција го одбрани пеналот и ја задржа надежта на Шпанија за враќање во мечот.

Во тој момент беше 20:14 за Шведска и со споменатиот гол ќе стигнеше до плус 7 и на тој начин ќе дојдеше на чекор од вредна победа со која ќе префрлеше два бода во главната фаза на првенството.

Унгарскиот судија Биро Адам оцени дека Швеѓанецот со топката го удрил голманот во глава, а во истата секунда му покажа црвен картон.

Де Варгас можеше да молчи, освен тоа, Шпанците мораа да бркаат голема негатива, но според сите спортски принципи на фер-плејот, шпанскиот голман му пријде на судијата, објасни дека топката од неговата рака се одбила во неговата глава и дека Швеѓанецот не заслужил казна.

Унгарецот го прифати тој предлог и ја смени својата прва одлука. На крајот оваа чесност им се врати на Шпанците, бидејќи дуелот заврши 29:29, па двете репрезентации носат по 3 бода во следната рунда.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by IHF (@ihfworldhandball)

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Ракомет

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Read more

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Read more

Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет

Read more

Светската ракометна титула за Данска, Хрватска немаше шанси во финалето

Read more
 

Спорт

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе